mkenfrdeitptestr

02/2460-161, 070 234 648, 070 293 365

Трета македонска бригада бр.76А 1000 Скопје

Menu

ФИЗИЧКО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ

Видови на физичко обезбедување:

А. Внатрешно обезбедување
Б. Надворешно обезбедување
В. Патролно обезбедување – Мобилна патрола

Како прво да го нагласиме нашето искуство кое го имаме во поглед на физичкото и патролното обезбедување.

• Обезбедување на лица (бодигард).
• VIP Заштита:телохранители со возила од висока класа. Сите возила одат во пакет со професионален возач.
• Обезбедување на објекти (комерцијални, средни и големи трговски центри, продавници,институции, деловни, и индивидуални станбени згради, канцеларии и сл.) Заштита на имотот од кражби и провали како и одржување на редот во истите.
• Обезбедување на објекти со куче ( Германски овчар,шарпланинец)
• Обезбедување на јавни манифестации (спроведување на целосен пакет на услуги за обезбедување на; концерти,јавни собири,спортски натпревари)
• Обезбедување во здравството (заштита од инциденти во медицинските центри,како и нивните вработени).
• Обезбедување на индустриски и производствени капацитети, (контрола на пристап,контрола на внесени и изнесени материјали и производи од производните погони, како и одржување на редот во севкупниот имот.
• Придружба на физички лица во рамките на обезбедуваните капацитети.
• Заштита при транзит или престој на туристи во земјата или на локално ниво.
• Обезбедување на транспорт на пари и други вредности со сопствени возилa).
• Спречување и справување со вондредни настани. Како и намалување и минимизирање на последиците од истите.
• Ракување со клучевите од објектите според соодветните прописи.
• Надзор и управување со системите за физичка безбедност и противпожарна заштита.
• Ракување со пропишана документација (запис за влез/излез, запис за клучеви,и др)

Во наведените модели на физичко обезбедување вклучени се и :

Внатрешно обезбедување
• Контрола на влез/излез (пријавница)
• Обезбедување на витални простории.

Надворешно обезбедување
• Стражарско
• Пунктовско

Оперативните работници имаат задачи и обврски да спречат било какво криминално дејствие на определениот објект, кое би можело да се случи во наведениот временски период и да се грижат за вашите објекти од аспект на неговата посредна безбедност во смисла на обезбедување на редот во објектот.

Наведеното физичко обезбедување ќе го извршуваме со оперативни работници кои ќе имаат задачи и обврски да спречат било какво криминално дејствие кое би можело да се случи во наведениот временски период и да се грижат за вашите објекти од аспект на неговата комплетна безбедност, во смисла на спречување на кражби, оштетување на локали, пожари и други несакани дејствија кои можат да се спречат со преземање на безбедносни мерки.
Патролно обезбедување на вашиот имот кое во текот на денот функционира по системот на повикување од страна на нашите оперативни работници, а додека во ноќните часови е во редовна обиколка на објектите.

ТЕХНИЧКО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ

Видови на техничко обезбедување:

А. Алармни системи
Б. Видео надзор

Алармниот систем служи за,да изврши предупредување на дежурното лице за обид за неовластен влез во штитената зона( провала) и да изврши локално или пошироко алармирање.Од сите видови на безбедносни системи, алармните системи се најмасовно застапени во понуда и примена.Тие се користат за противпожарна заштита на разни објекти, почнувајќи од станови, продавници, работилници,магацини и сл. Во склоп на понудата нудуме :

Алармни уреди и инсталирање на истите
Паник копче
Противпожарна заштита
Видео надзор-мониторинг системи, како и можност за 24 часовно прикључување на објектите на мониторинг центарот со комплетно месечно снимање на камерите на хард дискови и преглед на снимениот материјал...
Во обезбедувањето ќе бидат вклучени оперативни работници соодветно обележани и опремени и кои ќе работат според законските норми и прописи.
Нашите оперативни работници се со лиценци издадени од комората за обезбедување на лица и имот со што се потврдува нивната стручност во областа на обезбедувањето и обуката која ја поседуваат за противпожарно обезбедување која е мошне важна во текот на летниот период.
Во состојба сме да обезбедиме 24 часовна чуварска служба како и контрола и надзор на сите објекти кои што ќе произлезат од договорот, за извршување на овие задачи колку извршители ќе бидат потребни ќе зависи од договорот кој би го постигнале меѓу вашите структури и агенцијата за обезбедување на имот и лица “Натионал”.
Мониторинг обезбедување на имотот и објектите кои сакате да бидат обезбедени со камери, аларми и со други слични заштитни елементи.

Заеднички до поголема безбедност на вашиот имот

 

 

Facebook Twitter Google+ Pinterest